Зеленски до Бајден: Кажете ни јасно дали одиме во НАТО или не?

Претседателот на Украина Володимир Зеленски рече дека сака јасен одговор „да“ или „не“ од американскиот претседател Џо Бајден за планот на Украина за влез во НАТО.

„Ако зборуваме за НАТО и Акциониот план за членство, јас навистина би сакал да добијам од Бајден детали „ да “ или „ не “, рече Зеленски, осврнувајќи се на статусот што Украина долго го бараше.

„Треба да добиеме јасни датуми и веројатност за тоа“, рече Зеленски на денот на самитот на лидерите на НАТО во Брисел. Киев изрази незадоволство затоа што не беше поканет на тој состанок.

Во заедничкото интервју за повеќе познати агенции, Зеленски рече дека добил ветување дека Бајден нема да ја користи Украина како договор за средба со рускиот претседател Владимир Путин оваа недела. Тој ги повика Соединетите Американски Држави да и дадат економска поддршка на Украина и апелираше до Бајден и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) да ги разберат проблемите на Украина пред да постават „нефер барања за реформи“.

Зеленски побара од членките на НАТО да го забрзаат пристапувањето на Украина во НАТО, по дополнителните тензии со Москва оваа година околу акумулацијата на дополнителни руски трупи и воена опрема во близина на украинските граници. Според него, повеќето руски трупи допрва треба да се повлекуваат. Украинскиот претседател проценува дека околу 11.000 војници се повлечени а остануваат уште 95.000.

Бајден и Зеленски разговараа телефонски минатата недела, а Бајден го покани украинскиот колега на состанок во Белата куќа следниот месец. Зеленски рече дека жали што не се сретнал со Бајден во живо пред средбата меѓу американскиот и рускиот претседател.

„Тој (Бајден) рече:„ Никогаш нема да тргувам со украински интереси “, вели Зеленски, пренесуваат медиумите.

14.06.2021 - 21:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега