Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска побара од лидерите на Европската Унија дополнителна поддршка за Украина во наредните години, јави ДПА.
„Војната ќе чини 155 милијарди евра следната година и ни требаат уште најмалку 70 милијарди евра од вас за одбрана, за оружје“, изјави Зеленски на самитот на ЕУ во Брисел.
Ова е „реална сума“, рече тој, додавајќи: „Ве молам да најдете начин да ја обезбедите таа поддршка“.
Минатиот месец, украинскиот министер за финансии Сергеј Марченко рече дека на земјата ѝ недостасуваат 32,6 милијарди долари економска поддршка и 45 милијарди долари за одбрана.
ЕУ лани создаде механизам за поддршка на заеми за Киев во вкупна вредност од 90 милијарди евра за 2026 и 2027 година и ги повикува меѓународните партнери на Украина да ја зголемат својата финансиска помош.

