Под мотото „Победата повикува“, вечерва на плоштадот Славија во Белград се одржа завршниот предизборен собир на Студентската листа.
На настанот присуствуваа голем број граѓани и студенти од цела Србија. Дел од учесниците пристигнаа во српската престолнина уште претходните денови, откако пешачеа со денови од различни правци – северните, јужните и западните делови на земјата.
Собирот на плоштадот Славија го означи официјалниот крај на интензивната кампања во чии рамки студентите и граѓаните организираа бројни собири, непосредни разговори со гласачите и маршеви низ целата држава.


