Затвореник нападнал дете, подоцна и полицаец
Вчера во 08.45 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода В.З.(24) од Кочани затоа што физички нападнал малолетник од Кочани и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, а откако бил приведен во полициска станица физички нападнал еден од нив, соопштија од полицијата.
По преземени мерки било утврдено дека тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна, по што бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за издржување на казната.
16.10.2024 - 16:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа