Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) вчера донесе Одлука со која се изврши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29% во однос на одлуката од 3.11.2025 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемија за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголеми за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се промени.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намали за 0,486 ден/кг и сега изнесува 36,427 ден/кг.
Од 11.11.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,427 (денари/килограм)
- Стоилковски открива: Зошто Софија не блокираше за НАТО, а сега поставува нови замки за Македонија
- Полицијата апсеше низ целата држава – Приведени 16 возачи, 11 немале возачка
- МВР со полни раце работа: Шест лица уапсени за семејно насилство во еден ден – напаѓани сопруги, деца и родители
- Вработен во „Македонски железници“ со изгореници од струен удар итно пренесен во болница
- МВР со детали за пронајдениот леш во Зрновци
- Стружанец се обидел да ја напушти државата со куршуми во рачниот багаж
- Грозоморен настан во Зрновци: Силувано и убиено женско лице – пронајдено обезглавеното тело
- Прегазено осумгодишно дете на патот Радовиш-Конче, со тешки повреди пренесено во болница

