Затвореник минатата недела побегнал од затвор, полицијата го најде и пак го приведе

Полицијата синоќа приведе затвореник од Струмица, кој минатата недела успеал да побегне од струмичкиот затвор.

„На 14.03.2024 во 23.20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го привеле Г.П.(41) од Струмица, кој на 09.03.2024 во Полициската станица Струмица бил пријавен дека избегал од Казнено – поправната установа Затвор Струмица“, објави МВР.

Лицето било предадено во затворот.

15.03.2024 - 22:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега