Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • 20-годишник прегази пешак кај Мирковци
    • 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Масовен напад со дронови врз Москва: Затворени четири аеродроми

    Масовен напад со дронови врз Москва: Затворени четири аеродроми

    22.06.2026 во 09:032 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Руските воздухопловни власти утрово накратко ги затворија четирите московски аеродроми, откако беа пресретнати десетици украински дронови, објави „Ројтерс“.

    Привремениот прекин на летовите ги опфати аеродромите Шереметјево, Домодедово, Внуково и Жуковски во близина на Москва, но по извесно време воздушниот сообраќај бил целосно обновен, потврдија од руската агенција за цивилно воздухопловство.

    Градоначалникот на руската престолнина, Сергеј Собјанин, преку социјалната мрежа Телеграм информираше дека биле соборени речиси 60 дронови кои летале во правец кон градот. Тој додаде дека службите за итни случаи веднаш биле упатени на местата каде што паднале остатоците од пресретнатите летала.

    Од друга страна, руското Министерство за одбрана соопшти дека противвоздушната одбрана во текот на ноќта соборила вкупно 301 дрон на пошироката територија, вклучително и во областите кои се под руска окупација. Овој бран следува по минатонеделниот напад врз единствената нафтена рафинерија во Москва, кога беа соборени речиси 200 летала.

    Истовремено, воените дејствија донесоа жртви и штети и на украинска територија. Локалните власти во Украина соопштија дека во одделни руски напади во текот на ноќта загинале две лица, а шестмина биле повредени.

    Во јужниот регион Одеса, по напад со балистичка ракета „Искандер“, едно лице загина, а тројца се повредени, додека во градот Запорожје, жена го загуби животот во напад со дрон. Украинската морнарица соопшти и дека руски напад со дрон го погодил турскиот товарен брод „Виктрес“, кој пловел под панамско знаме, при што има повредени меѓу деветчлениот меѓународен екипаж.

    Како рефлексија на нападите, градот Севастопол на Крим ги откажа сите јавни настани на отворено и го исклучи уличното осветлување. Дополнително, на полуостровот привремено е запрена продажбата на гориво за граѓаните и за компаниите поради сериозен недостиг предизвикан од нападите врз снабдувачките рути.

    Прочитај повеќе

    Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина

    19.09.2026 во 10:52

    Трамп нареди: Три медиумски куќи не смеат да и пристапат на Белата куќа

    19.09.2026 во 10:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.