Полицијата продолжува со засилените мерки за сузбивање на нелегалната трговија со наркотици. Во изминатите 24 часа, спроведени се неколку успешни акции во повеќе градови.
Скопје: При претреси на различни локации низ главниот град, уапсени се три лица – Е.А. (49), Д.П. (23) и К.С. (28). Кај нив инспекторите пронашле марихуана и непозната бела прашкаста материја.
Радовиш: Локалната полиција фатила група млади момчиња на возраст од 19 и 21 година (М.М., М.Ш., С.Ј.), како и еден 17-годишен малолетник во моментот додека конзумирале марихуана. При прегледот, кај тројца од нив биле пронајдени дополнителни пакувања со дрога. Малолетникот е повикан во станица во присуство на родител.
Охрид: На булеварот „Железничка”, криминалистичката полиција сопрела автомобил „Мерцедес” управуван од 60-годишниот А.Ј., во кој совозач бил М.Б. (44). При претрес извршен со судска наредба, во возилото е пронајдена и одземена марихуана.

