Започна исплатата на парите од повратот на дел од ДДВ преку апликацијата „Мој ДДВ“, а граѓаните веќе пријавуваат дека средствата им легнуваат на трансакциските сметки.
Станува збор за редовната исплата за вториот пресметковен период за месеците април, мај и јуни.
Управата за јавни приходи и Министерството за финансии ги префрлаат средствата на сметките на корисниците кои редовно ги скенираат фискалните сметки.
Согласно законските рокови, целосната исплата на повратот треба да заврши најдоцна до 31 август.


