Најмалку пет Палестинци се убиени, а 18 се повредени во новите израелски напади врз Појасот Газа во изминатите 48 часа, соопшти Министерството за здравство во енклавата.

„Израел уби најмалку 1.265 лица и рани 4.198 во Газа откако стапи на сила „прекинот на огнот“ постигнат со посредство на САД минатиот октомври“, се наведува во соопштението на министерството, објавено на Телеграм.

Според податоците на палестинското Министерство за здравство, од почетокот на војната во октомври 2023 година во Појасот Газа загинале најмалку 73.399 лица, додека 174.310 биле повредени.

Exit mobile version