Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел

    28.10.2026 во 17:39

    Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел

    28.10.2026 во 17:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Замолкна еден моќен глас“: Љутков се прости од Ристе Велков

    „Замолкна еден моќен глас“: Љутков се прости од Ристе Велков

    22.05.2026 во 13:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, преку емотивно обраќање изрази длабоко сочувство за трагичната смрт на баритонот Ристе Велков, нагласувајќи дека денешниот ден е исклучително тажен за националната култура.

    Тој ја потенцираше уметничката трага што првенецот на Македонската опера и балет ја остави зад себе преку својата долгогодишна посветена работа на сцената.

    Според министерот, загубата за македонската уметничка сцена со прераното заминување на Велков е незаменлива.

    „Денес е тажен ден за македонската култура. Замолкна еден моќен и препознатлив глас, но одекот на уметноста на Ристе Велков ќе продолжи да живее на сцената, во музиката и во срцата на публиката. Со неговото заминување, македонската опера изгуби првенец, а културата- уметник кој со достоинство, страст и врвна посветеност ја претставуваше нашата земја дома и во светот“, напиша Љутков.

    Во моментите на сериозна болка и неверување кои ја потресоа јавноста, тој упати зборови на поддршка до најблиските на загинатиот уметник.

    Љутков заклучи дека богатото творештво и вокалните изведби на баритонот нема да бидат заборавени од идните генерации.

    „Во овие мигови на болка и неверување, изразувам искрено сочувство до неговото семејство, колегите, пријателите и до сите што имаа чест да го познаваат и да уживаат во неговата уметност. Неговото име и неговиот глас ќе останат трајно впишани во македонската културна меморија. Слава му“, стои во неговата официјална објава.

    Прочитај повеќе

    Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел

    28.10.2026 во 17:39

    Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани

    28.10.2026 во 16:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.