Close Menu
    Најново

    Унгарија бара суспензија на финансиската помош од ЕУ за Украина поради корупција

    20.11.2025 во 10:41

    Финансии: Нема промени во делот на наплата на ДДВ при прием на пратки од „Тему“

    20.11.2025 во 10:39

    Во „киа“ пикнал 10 мигранти – Албанец уапсен на Богородица

    20.11.2025 во 10:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Унгарија бара суспензија на финансиската помош од ЕУ за Украина поради корупција
    • Финансии: Нема промени во делот на наплата на ДДВ при прием на пратки од „Тему“
    • Во „киа“ пикнал 10 мигранти – Албанец уапсен на Богородица
    • Зеленски: Само претседателот Трамп има доволно моќ да стави крај на оваа војна
    • Николоски: Автопатот Прилеп – Битола го градиме со силна динамика
    • Последици од дождовите: Излевање на Пчиња, поплавени подруми во Охрид и ерозија во Битола
    • Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година
    • Трамп попушти пред притисокот: Потпишан законот за отворање на досиејата на Епстајн
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Заклучен Избирачкиот список: 1.832.415 гласачи во Македонија ќе гласаат на локалните избори на 19 октомври

    Заклучен Избирачкиот список: 1.832.415 гласачи во Македонија ќе гласаат на локалните избори на 19 октомври

    26.09.2025 во 13:34
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Вкупниот број на гласачи запишани во Избирачкиот список во Република Македонија за локалните избори изнесува 1.832.415 избирачи. Од овие избирачи во изводите на Избирачкиот список се запишани 1.717.803 избирачи, информираше денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко на 138. седница на ДИК.

    Кондарко соопшти дека согласно евиденцијата на надлежните органи право на глас имаат вкупно 112.000 избирачи кои се на привремена работа или престој во странство, 2.162 избирачи кои се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор и 450 избирачи од домовите за стари лица.

    – Во посебниот извод на Избирачкиот список, за лицата кои согласно евиденцијата на надлежен орган се на привремена работа или престој во странство се запишани влкупно 112.000 избирачи. Во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои за време на изборите се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор се запишани вкупно 2.162 избирачи. Во посебниот извод од избирачкиот список за лица кои се наоѓаат во установи за вонсемејно згрижување а кои поднеле пријава за гласање, по принцип на активна регистрација во установата во која се згрижени се запишани вкупно 450 избирачи, соопшти Кондарко.

    На седницата едногласно беше донесена одлуката за заклучување на Избирачкиот список за спроведување на претстојните локални избори кои ќе се одржат на 19 октомври 2025 година.

    – Државната изборна комисија го заклучува Избирачкиот список за спроведување на изборите за советите на општините и Советот на Град Скопје, како и за градоначалници на општините и за градоначалник на Град Скопје, кои ќе се одржат на 19 октомври 2025 година. Граѓаните се потпишуваат во еден Избирачки список и гласаат на локалните избори. Значи еден е избирачкиот список на гласачките места за локалните избори, рече Кондарко.

    Како што беше појаснето од членот на ДИК, Ангелчо Ристов, во државата се констатирани 3.480 избирачки места, од кои во 132 избирачки места се потпишани помалку од десет избирачи. Гласањето за нив, рече, ќе биде спроведено на најблиското избирачко место.

    – Во предлог упатството таксативно се наведени сите општински Изборни комисии и сите избирачки места во кои што се запишани помалку од десет гласачи, каде што нема да се спроведува гласање на тоа избирачко место, туку на наведените избирачки места гласањето ќе го спроведе најблискиот одбор од најблиското избирачко место на наведеното избирачко место. Општинските изборни комисии нема да испраќаат избирачки одбори и истите гласачи ќе го остварат правото на глас во најблиското избирачко место со запишани над десет гласачи, рече Ристов.

    Ги задолжи општинските Изборни комисии во координација со подрачните одделенија и регионални канцеларии на ДИК да преземат дејствија за известување на гласачите на оние избирачки места каде што се запишани помалку од десет гласачи.

    На седницата, исто така, беше посочено дека досега до ДИК биле поднесени четири барања за набљудување на изборите и тоа од Центарот за развој, реформи и обуки за изборни системи – Грузија, од Амбасадата на Република Словачка во земјава, Централната изборна комисија на Украина и Здружението Институт за истражвуање и аналитика на политика Ромалитико – Скопје.

    Популарно

    Денеска удрил над 1.000 потписи: Градоначалникот затрупан со документи

    19.11.2025 во 18:27

    Вистински хаос со ваучерите за електронски уреди: Државата им даде, па им ги поништи ваучерите на постдипломците

    19.11.2025 во 20:36

    Последици од дождовите: Излевање на Пчиња, поплавени подруми во Охрид и ерозија во Битола

    20.11.2025 во 09:36

    Албански државјанин фатен на „Ќафасан“ со 332 парчиња риба белвица

    19.11.2025 во 23:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.