Close Menu
Press24
    Најново

    Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември

    28.10.2026 во 18:27

    Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“

    28.10.2026 во 18:11

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Зајкова: Некој не сака легализација на канабисот бидејќи профитот од црниот пазар завршува во нивни џебови

    Зајкова: Некој не сака легализација на канабисот бидејќи профитот од црниот пазар завршува во нивни џебови

    10.02.2026 во 21:523 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Јас искрено веќе немам доверба зашто не се прави легализацијата. Што ние сме направиле? Добро се сеќавам дека сме ги правеле измените и заглавија во Комисијата за здравство, која што беше тогаш предводена од ДУИ. И тогаш веднаш почна да се спинува дека сите ќе станат подложни на опијати, на наркотици“, изјави претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова во гостување на поткастот „Основано сомнение“ со Јанаки Митровски на а1он по повод последните случувања и големите заплени на канабис во соседна Србија и Македонија.

    „Да бидам искрена, бидејќи секогаш сум искрена, а и тоа може некогаш ми е маана, некогаш доблест, но мислам дека не се сака да се реши ова прашање, затоа што на сите тие им одговара да сѐ ова поминува на црниот пазар, бидејќи на крај профитот веројатно завршува во нивните џебови. Може да биде различно ако се легализира“, вели Зајкова и како примери ги посочува Холандија, Белгија, Шпанија, каде што постои одредена регулација, граѓаните имаат одредено право и за рекреативна употреба и можност за одгледување до одреден број на стебла.

    „Меѓутоа сето тоа е контролирано државата и на крај бенефит има исклучиво државата. Всушност и кога се започна со работните групи беше повеќе да се направат туристички места, како што е Амстердам и слично, за да се покрене угостителството и слично. Меѓутоа очигледно некој не сака да се заврши тоа во државата, туку му одговара вака да го дистрибуира на црниот пазар. И сега ние правиме од сето тоа нели приказни, колку се успешни акциите и се и секој ден билтените ни се полнат“, вели претседателката Зајкова.

    Зајкова не се согласува со Павле Трајанов и посочува дека не треба да оди дискусијата во насока што да се затвори, туку треба да оди во насока на тоа дека еднаш ќе мора да се легализира, да се стави во одредени рамки и да се знае што може, што не може и што е казниво.

    На прашање зошто конкретно законско решение не излегло од ЛДП, Зајкова одговара дека во минатиот ЛДП доставила предлог измени до Собранието, кои што останаа заглавени и кога почнува нов мандат, може да се произнесе дали останува на тие закони или тие закони пропаѓаат.

    „Јас не видов Собранието да се произнесе до Владата кои закони ќе останат. Не го видов ни овој закон, но е добро што ме потсети, да може да го доставиме пак, бидејќи сега се сменети констелациите во комисиите, па можеби ќе се отвори една посуштинска дебата, што е бенефитот и за државата и за сите нас, а не да го гледаме низ призма пак на спин, дека не знам, ти моето дете сакаш да биде наркоман или слично“, заклучува Зајкова, додавајќи дека е сосема нормално пуштањето во промет над одредена количина е повторно кривично дело и е казниво, но казната мора да биде праведна и соодветна на извршеното дело.

    Прочитај повеќе

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел

    28.10.2026 во 17:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.