Попладнево во Загреб била нападната една часна сестра која, според првичните информации, е повредена со остар предмет, соопшти загрепската полиција.

Повредената часна сестра е префрлена во една загрепска болница, пренесува порталот Index.hr.

Полицијата била известена за нападот од лекарите од болницата веднаш по приемот на повредената сестра.За сега нема повеќе информации за околностите на нападот, мотивите или сериозноста на повредите, а истрагата е во тек.

Exit mobile version