Загина младо момче во Зајас при изведување на градежни работи

Ј.Е. (24) од кичевското село Зајас, при изведување на градежни работи паднал и се здобил со тешки повреди, по што починал во болница во Тетово.

Како што информира МВР, 24-годишниот Ј.Е.(24)  при изведување градежни работи со градежна машина во двор сопственост на Н.Г.(69)  од селото Србица, паднал и се здобил со тешки телесни повреди, по што починал во болницата во Тетово.

Увид бил извршен и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.  

07.07.2022 - 16:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа