Заев: За првпат дојдов во Атина со владиниот авион на кој пишува Република Северна Македонија

Премиерот Зоран Заев е во работна посета во Грција, а во своето денешно интервју за МЕГА рече дека за прв пат слетал во Атина со името „Северна Македонија“ испишано на владиниот авион.

Ова претседателот на македонската Влада го одговори во контекст на новинарската констатација дека грчките бизнисмени не сакаат да преговараат со македонските комори затоа што во нивните имиња се уште го има старото уставно име и дека така никогаш нема да се договорат за потеклото на индустриските производи.

„Ни преостануваат уште 2 години, зошто да не најдеме решение за 3 или 4 месеци. Дојдов со владиниот авион во кој пишува Република Северна Македонија за прв пат во Атина. Имаше претходно уште еден пат на пример во Солун. Со сето ова се обидуваме да испратиме порака за пријателство. Навистина, постојат приватни тела и организации кои не треба да го менуваат своето име врз основа на договорот од Преспа“, рече Заев.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2020 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега