Заев во Тирана на средба со германската канцеларка Ангела Меркел
Владината делегација, предводена од премиерот Зоран Заев заедно со вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Бујар Османи пристигна во работна посета на Тирана, на покана на германската канцеларка Ангела Меркел.
Во попладневните часови премиерот Заев, како што информираат од владината прес-служба, ќе има и одвоена билатерална средба со канцеларката Меркел на која ќе се разговара за трговската размена помеѓу двете земји, политичките околности за понатамошното проширување на ЕУ и иницијативата Отворен Балкан чија главна цел е забрзана интеграција на регионот во Европската Унија.
Канцеларката Меркел во рамки на својата посета на Западен Балкан организира работен ручек со лидерите на земјите од регионот, на кој главна тема ќе биде регионалната соработка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа