Заев: Вакцините од Фајзер ќе стигнат до крајот на март

Премиерот Зоран Заев денеска по официјалниот почеток на изградба на далекуводот Штип – Овче Поле изјави дека Македонија ќе добие вакцини од компанијата „Фајзер“ до крајот на март.

-Договорот со Фајзер стигна. До крајот на првиот квартал, односно до крајот на март ќе пристигнат 21.000 дози вакцини, кажа премиерот.

Тој пред новинарите истакна дека Владата направила и повеќе од тоа што е доволно за набавка на вакцините.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2021 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега