Заев: Успеавме народе мој, бидете горди, имате и зошто

Можеме и тоа како можеме. Успеавме народе мој. Со убедлива и стабилна предност во моментот од 3 пратенички мандати рпед ВМРО-ДПМНЕ, со можност за 1 или 2 уште повеќе, нашата коалиција можеме е победничката коалиција на овие парламентарни избори, кажа претседателот на СДСМ, Зоран Заев на вечерашната прес-конференција.

„Излегоа граѓаните и гласаа за сигурна иднина, за заедништво и солидарност, за ред и правда, избраа подобро денес и подобро утро. Патот напред е потврден. На опаснста ѝ кажавме јасно не.

Имавме избори како што доликува на земја членка на НАТО, мирни и демократски. Ви благодарам на сите кои денеска бевте активни учесници од ова ново поглавје од современата македонска демократија.

Вие сте победници, бидете горди имате и зошто, денеска победи иднината, победи напредокот. 

„Како ќе си постелиш, така ќе си легнеш“, епилогот на денешните избори се одликува со оваа поговорка.

Среќен сум што грааните ги препознаа вистинските вредности.Денеска концептот „парите кај граѓаните“ го порази концептот „обнова на режимот“. 

Со ова ваша подршка не задолжувате на одговорност, патот е исправен но мора да се работи уште повеќе и уште подобро. Ве уверувам дека ќе продолжиме тоа да го правиме и во иднина. Следуваат раст на платите, и враќање на парите на граѓаните уште повеќе. Следува еко држава и уште поголема грижа на сите граѓани на кои им е потребна. Следува уште подобра заштита на јавното зравје. Следуваат преговори со ЕУ и конечно народе мој, следува правда“, кажа Заев.

На новинарско прашање дали СДСМ ќе коалицира со ДУИ, Заев кажа дека ќе се почекаат првично конечните резултати.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2020 - 01:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега