Заев со честитка до Бајден и Харис: Верувам дека ќе го продлабочиме сојузништвото

Премиерот Зоран Заев им го честита стапувањето на должност на претседателот на САД, Џо Бајден и на потпретседателката, Камала Харис.

Им посакува мандат исполнет со успешни политики кои обединуваат и мандат, како што вели во објава на Фејсбук, во кој е сигурен дека американската демократија ќе биде глобален пример што инспирира.

– Претседателе Бајден, се радувам на времето пред нас во кое верувам дека ќе го продлабочиме сојузништвото меѓу Северна Македонија и САД, како и блиските врски и пријателството меѓу нашите граѓани, напиша Заев на ФБ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.01.2021 - 19:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега