Заев по предлогот на Пендаровски: Спремен сум за одложување на пописот

 

Премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција, по новинарско прашање за предлогот на претседателот Стево Пендаровски за одложување на пописот, истакна дека е подготвен на тоа.

„Го видов и предлогот на претседателот на државата Пендаровски да се одложи на некој месец пописот, ок – јас сум секогаш спремен, се е вредно за размислување. Летото знаеме дека попис не се спроведува, септември е кампања, октомври е изборен период за локални избори и да размислите за месец – два да завршиме некаде до средината на јуни веќе гледаме дека опозицијата тоа го одби. Затоа уште еднаш ќе ја испратам пораката да бидеме одговорни и да го спроведеме пописот“, посочи Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.02.2021 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега