Заев: Пензиите ќе растат уште повеќе, минимална пензија од 10.700 денари до крајот на новиот мандат

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со носителката на кандидатската листа во изборната единица 1,  Мила Царовска денеска се сретна со пензионери од Општина Кисела Вода.
 
Во разговорите тој истакна дека за три години Владата предводена од СДСМ покажа целосна грижа за највозрасните граѓани, а преку чесните и одговорни политики на СДСМ, пензиите пораснаа за речиси 1.800 денари и просечната пензија денес изнесува 15.500 денари.
 
Тоа, додаде тој, е мотив да продолжиме со уште поголема и подобра грижа за пензионерите во следните 4 години.
 
„Денес, пензискиот фонд е стабилен, загарантирани се пензиите на сегашните но и на идните пензионери. И во следните 4 години пензиите ќе продолжат да растат. До 2021 година најниските пензии ќе пораснат за најмалку 21 отсто, а минималната пензија ќе изнесува 10.700 денари“, посочи Заев, повикувајќи ги граѓаните да излезат на 15 јули и на безбедно гласање да заокружат број три за да продолжи напредокот и да не ризикуваат преку негласање да се врати режимот кој само земаше пари од граѓаните.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2020 - 16:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега