Заев: Она што деновиве го прави ВМРО-ДПМНЕ е лажен патриотизам само за да дојде на власт

Она што ВМРО-ДПМНЕ го прави деновиве е лажен патриотизам само за да дојде на власт, оцени денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања во Неготино.

–  Сето она што го прават овие денови е живогребност за доаѓање на власт и ништо друго. Наводна борба да се заштити македонскиот идентитет и македонскиот јазик кои, нели by the way, ги изгубивме со Преспанскиот договор, што само по себе потврдува дека не е точно и е лажен патриотизам и асполутно е на штета на државата, изјави Заев.

Тоа, како што рече, нема да ја обесхрабри Владата да продолжи да гради пријателство и да чекори на патот кон Европската унија што го очекуваат граѓаните.

– Ќе бидеме трпеливи, мудри и ќе водиме грижа за севкупните национални интереси и веруваме дека час поскоро ќе успееме да ги отвараме поглавјата, рече Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.12.2020 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега