Заев: Ние сѐ уште се загреваме за Европа, нашата најдобра игра допрва следува

Честитки до Горан Пандев и до македонската репрезентацијата за првиот, историски гол на ЕП, објави вечерва на Фејсбук премиерот Зоран Заев, додавајќи дека ние сѐ уште се загреваме за Европа, нашата најдобра игра допрва следува!

– Го живееме сонот кој го чекавме 30 години, да заиграме на Европското првенство во фудбал, рамо до рамо со најдобрите.Бие срцето силно за црвено-жолтите, за нашата македонска гордост. Со полна душа го следевме секој ваш чекор на теренот, покажавте одлична игра, нѐ направивте горди и среќни, истакнува премиерот Заев во објавата.

14.06.2021 - 07:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега