Заев: На изборите на 15 јули кои ќе бидат 100% здравствено безбедни очекувам голема поддршка од граѓаните за СДСМ

 

Огромно е задоволството да се види како патиштата ширум нашата земја забрзано се градат и во вонредни услови со почитување на сите безбедносни протоколи за заштита, кажа претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
„Кризата предизвикана од пандемијата со корона вирусот не ги попречи капитални инвестиции. Напротив, имаме забрзано темпо на изградба.
Република Северна Македонија се поврзува и внатрешно и кон соседните земји.
Заедно со генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски денеска сме во неговиот роден крај да направиме увид во текот на градежните работи од рехабилитацијата на патниот правец Крива Паланка-Ранковце.
Целиот Коридор 8 се реконструира, патните правци се обновуваат и за една година граѓаните ќе добијат целосно обновена модерна патна мрежа којашто ја поврзува нашата земја со соседна Република Бугарија. Тоа ќе има позитивен ефе т врз поврзувањето на граѓаните од двете земји и врз унапредување на трговските и економски релации помеѓу компаниите.
Инвестициите во инфраструктурата се исклучително важни бидејќи отвараат нови работни места, ја движат економијата напред и со тоа го подобруваат животниот стандард на секој граѓанин.
СДСМ е силно посветена на изградбата на крупните капитални проекти кои ќе донесат долгорочни бенефити за сегашните и за идните генерации.
Изразувам голема благодарност до работниците кои во овие вонредни услови продолжуваат посветено и професионално да работат на реализацијата на овој значаен проект.
На изборите на 15 јули кои ќе бидат 100% здравствено безбедни очекувам голема поддршка од граѓаните за СДСМ и коалицијата МОЖЕМЕ за да продолжиме уште повеќе и уште подобро да ја градиме и развиваме нашата убава земја“, кажа Заев.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.06.2020 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега