Заев му се заблагодари на Борисов за вакцините: Исклучителен чин на пријателство кон македонскиот народ

 

Премиерот Зоран Заев преку социјалната мрежа Фејсбук истакна дека му се заблагодарил на својот бугарски колега Бојко Борисов за вакцините кои нашиот источен сосед ќе ги донира.

-После одлуката за донации на вакцини, изразив благодарност лично до премиерот Борисов, до Владата на Бугарија и до бугарскиот народ за солидарниот и хуман гест и исклучителен чин на пријателство кон македонскиот народ и кон сите граѓани на Северна Македонија. Во благодарноста на премиерот Борисов му пренесов дека донирањето на дел од вакцините кои ги набави бугарската влада е многу важно и доаѓа во исклучително тешки времиња на силен бран на коронавирусот со кој се соочуваат двата народи, двете држави и целиот свет, напиша Заев.

После одлуката за донации на вакцини, изразив благодарност лично до премиерот Борисов, до Владата на Бугарија и до...

Posted by Zoran Zaev on Tuesday, 22 December 2020

Претходно денеска на седница на бугарската Влада донесена беше одлука од секоја количина на вакцини против коронавирусот која ќе пристигне во таа држава, една количина да биде наменета за Македонија.

-Ова го правиме со чисто срце без никакви задкулисни намери, го правиме за нашите најблиски соседи. Се надевам дека следната година со Захарева и Каракачанов ќе пронајдеме заедничко решение за интегрирањето на Северна Македонија во Европската Унија, како што ја поддржавме и за НАТО. Така што не се случи ништо страшно, прашање на политичка волја и од двете страну е да стигнеме дотаму, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов на денешната седница на бугарската Влада.


 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.12.2020 - 21:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега