Заев: Ќе одржиме безбедна кампања и 100 проценти безбедно гласање на 15 јули

 

Во услови на глобална пандемија на коронавирусот ќе одржиме безбедна кампања и 100 проценти безбедно гласање на 15 јули, објави денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Тој најавува дека нивната кампања ќе биде без митинзи и големи собири, а сите потенцијално ризични настани ќе бидат заменети со нови алтернативни начини на кампања.

Ја повикува опозициската ВМРО-ДПМНЕ да престане, како што наведува, со опасните предизборни активности, со организирање средби на кои не се почитуваат мерките и се загрозува здравјето на граѓаните.

Сите настани, потенцира Заев, ќе се одвиваат со строго почитување на протоколите за организација на јавни настани www.sdsm.org.mk

-Ги повикуваме сите учесници на парламентарните избори да ги прифатат протоколите за заштита на здравјето, а ВМРО-ДПМНЕ итно да престане со опасните предизборни активности, со организирање средби на кои не се почитуваат мерките и се загрозува здравјето на граѓаните. Чувајте го здравјето и на 15 јули ќе победиме и ќе ја пребродиме оваа криза заедно, единствени и сплотени, порачува Заев во објавата на „Фејсбук“

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.06.2020 - 17:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега