Заев: Гоце Делчев е македонски револуционер, но Бугарите го сметаат за бугарски

Гоце Делчев е македонски револуционер, но факт е дека Бугарите го сметаат за бугарски револуционер, изјави денеска премиерот Зоран Заев. 

Одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата со евроамбасадорот Гир, Заев потсети дека ние го имаме Делчево град кој го носи името на револуционерот, Бугарите го имаат градот Гоце Делчев, а негови споменици има насекаде.  

„Заедно се поклонивме со премиерот Бојко Борисов и на споменикот на Делчев во Благоеврград и на гробот на Гоце Делчев во Скопје”, рече заев. 

Според него, низ историските личности треба да се гледаме на можноста за зближување. 

„Ако ги избегнуваме историските моменти, ги ставаме под тепих и не разговаравме за нив, тоа не е добра европска иднина на Западниот Балкан. Затоа имаме договор да ги решиме овие прашања”, додаде Заев.  

Тој најави дека за прашањето за Гоце Делчев ќе разговара на средбата со Борисов која очекува да се случи пред 10 ноември во Софија, однеосно непосредно пред самитот на берлинскиот процес со кој коретседаваат Бугарија и Македонија и којшто треба да се одржи во Софија. Тоа, според Заев, би била негова прва официјална посета.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.09.2020 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега