Заев: Ееееј... Грција и Бугарија потпишаа договор со нас на македонски јазик - успеавме

Нашиот македонски сон стана реалност! Ова го пишува доцна вечерва на социјалната мрежа Фејсбук, поранешниот премиер Зоран Заев во врска со потпишаниот Фронтекс договор на македонски јазик.
 
„Потпишавме договор со Европската Унија на македонски јазик.
Северна Македонија потпиша договор со ЕУ, на кој што стојат потписите на сите земји членки на Европската Унија, вклучително и потписите на нашите соседи Грција и Бугарија.
Ееееј... Грција и Бугарија потпишаа договор со нас на МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК !
Сега веќе не треба да веруваме, СЕГА ВЕЌЕ ЗНАЕМЕ зошто беше храброста, решителноста, визијата...
Успеавме !
МАКЕДОНЦИ со МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, признаени од целиот свет !
Радувај се мој македонски народе !
Испишавме историја“, пишува Заев на Фејсбук.
26.10.2022 - 23:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега