Заев: Едно општество за сите е единствениот исправен пат кон подобра иднина

Гостивар е изворот на концептот едно општество за сите и тој негов дух го потврдуваме низ целата држава, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев на граѓанска трибина во Гостивар.

– Гостивар отсекогаш бил пример за мултиетничноста, пример на единство и сплотеност. Тоа е иднината, тоа единство и заедништво е единствениот исправен пат, модел кој може да на јакне и на економски план, и како народ и како држава и како луѓе. Тоа е единствениот модел кој може да им гарантира подобра иднина на нашите деца. Ви благодарам што верувате во тој концепт, ви благодарам што верувавте во овој концепт и кога многу други не веруваа“, порача Заев пред граѓаните на Гостивар.

Тој додаде дека со носењето на Законот за употреба на јазиците, никој не загубил ништо, а со него се доби само повеќе единство и меѓусебно разбирање.

Заев истакба дека на 27 април 2017 година, кога биле под налет на национализмот, два и пол часа чекале да падне живот, но и заеднички се бореле да се одбранат.

– Тие беа со крв во очите и се удираа во градите кој е поголем Македонец, кој Албанец, а сето тоа беше за власт, пари и моќ. 30 години никој не носеше одлуки, но ние имавме храброст и носевме одлуки. Не само за договорите со Грција и Бугарија, туку и за Законот за употреба на јазиците, за зголемување на социјалната помош, за поголеми пензии, за поголема минимална плата, за 12 000 стечајци, за повисока просечна плата, за воведената државна социјална пензија, рече Заев, од предизборната трибина во Гостивар, на која беа промовирани носителите во шестата изборна единица.

Воедно тој додаде дека како власт покажале дека водат грижа за сите, најмногу за сиромашните.

Тој ги повика граѓаните да гласаат за европската и демократската опција на 15 јули.

– Покажавме дека сите политичари не се исти, не калкулиравме со личниот и партискиот рејтинг. Кога се исправивме пред вистината, знаевме зошто 30 години не се носеле одлуки, се плашеле за политичката кариера. Ама ние не се плашиме, зарем има поважно нешто од нашите деца и нашите внуци. Носевме одлуки и ги затворивме комплетно сите важни прашања, истакна Заев на трибината.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.07.2020 - 20:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа