Заев е единствен кандидат за лидер на СДСМ на внатрепартските избори на 21 март

Премиерот Зоран Заев, кој е на чело на СДСМ веќе осум години, ќе биде единствен кандидат на првите внатрепартиски избори за претседател на партијата.

Вчера попладнето во 16 часот истече рокот за пријавување на кандидати за лидер на партијата. Заев соопшти дека ја поднел својата кандидатура, како и предлог-програма за функционирање на СДСМ во наредните четири години.

Од раководството на СДСМ потврдија за „360 степени“ дека никој друг не поднел кандидатура за челната партиска позиција и дека Заев сам влегува во изборната „трка“.

 

Првите внатрепартиски избори за лидер на СДСМ ќе се одржат на 21 март, за што веќе е избрана Централна изборна комисија. Претседателка на централната изборна комисија е Викторија Аврамоска Мадиќ, потпретседателка Неда Гацова, а членови Снежана Калеска Ванчева, Марко Михаилоски и Бранко Георгиевски.

Заев, трипати досега, почнувајќи од 2008 година, беше избиран на конгрес на чело на СДСМ, со тоа што првиот пат беше избран за в.д. претседател. При неговиот прв избор за лидер на СДСМ, со полн мандат, во 2013 година, имаше двајца противкандидати, додека при реизборот на конгресот во 2017 година, исто така, беше единствен кандидат. Овој пат, Заев првпат бара мандат од сопартијците од позиција на премиер.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2021 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега