Забрчанец: Мицкоски се расфрла со терминот „кредибилитет“ мислејќи дека така ќе си го зголеми својот

Христијан Мицкоски се расфрла со терминот „Кредбилитет“ мислејќи дека со тоа ќе си го зголеми сопствениот, вели советникот во Владата во заминување, Марјан Забрчанец.

Тој преку социјалната мрежа Фејсбук праша дали Мицкоски има кредибилитет и дали има најмногу освоени гласови и пратенички места на овие избори.

-Што е легитимитет? Се однесува на поддршката, односно на бројката со која застапуваш одредена политичка позиција или најкратко "Кој ти дал право?". Што е кредибилитет? Се однесува на веродостојноста, односно логичката и стручна подготовка со која застапуваш одредена политичка позиција или најкратко "Зошто да ти се верува?". Е сега, тој вика дека тој имал најголем кредибилитет да прави Влада. Има ли Мицко кредибилитет? Може ли да му се верува? Има ли Мицко легитимитет? Има ли најмногу освоени гласови и пратенички мандати на овие избори? Математички прецизно, напиша Забрчанец.

Мицкоски се расфрла со терминот кредибилитет мислејќи дека со тоа ќе си го зголеми сопствениот. Ајде малку едукација за...

Posted by Marjan Zabrcanec on Thursday, 16 July 2020

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2020 - 18:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега