Забави со познати домашни џез музичари во гурманската авенија на Diamond Mall

 

Со серија интересни настани и случувања кои ќе бидат организирани во следниот период, Diamond Mall продолжува да креира дополнителна вредност и нови можности за уживање и забава за посетителите.

Едни од тие активности се и џез-забавите што ќе се одржуваат во Гурманската авенија (Gourmet Avenue) на Diamond Mall. Во уникатниот амбиент на овој простор, што функционира како екстензија на Diamond Mall и во кој се сместени неколку ресторани, кафулиња и барови, ќе настапат познати џез музичари од нашата земја. Овие настани започнуваат на 14 јуни со проектот „Пијан славеј” на дел од членовите на групата „Фолтин“, a продолжуваат на 28 јуни со Тони Китановски и на 5 јули со групата „Gipsy Jazz“, со почеток во 21.00 часот.

За одличната атмосфера која се очекува на овие настани, покрај квалитетната музика, посетителите можат да очекуваат и посебна, збогатена понуда на храна, мезе и пијалаци. Со организацијата на ваков вид настани, Diamond Mall останува доследен на својата определба, која произлегува од оригиналниот концепт на молот, постојано да нуди врвно искуство и уникатно доживување за сите, преку комбинацијата на можности за одличен шопинг, гастрономско уживање и забава.

12.06.2024 - 16:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега