За време на силниот земјотрес хрватка се пораѓала: Се сѐ тресеше, бегавме од болницата“ (ВИДЕО)

 

Додека разорниот земјотрес од 6,2 степени според Рихтеровата скала ги тресеше Сисак, Петриња и околните села, Драгана Довраниќ (32) роди здраво момче во контејнерот на болницата Сисак.

Сопругот Дин (34) со своите три деца на возраст од 13, 11 и 6 години бил во семејната куќа .

- Во 9.30 часот ја однесов сопругата во болницата Сисак за ЦТГ. И рекоа дека е се уште рано, но ја оставија во болница. Се вратив дома поради децата - вели Дин. Во моментот кога Драгана започнала да се пороаѓа, земјата почнала да се тресе и телефонските линии биле отсечени.

- Моите деца сè уште се исплашени, земјата се уште се тресе, тие седат во јакни и многу се исплашени. Кога го почувствувавме силниот земјотрес истрчавме кон дворот, се обидував да ја добијам жена ми, не ги добив службите за итна помош или болницата Сисак. Бев избезумен од страв и грижа. По три часа ми рекоа од болницата да ги земам сопругата и новородениот син Доријан - ни рече Дин.

Доријан се родил со 3.800 грама и бил долг 52 сантиметри, сега е со семејството, браќата и сестрите во Посавске Бреги.

- Бев шокирана, но добро - раскажува мајката Драгана. Како што вели, тие ја поврзале  на инфузија, а после тоа целата зграда започнала да се тресе. Но, тие брзоја исклучиле инфузијата и почнаа да бегаат.

„Ме ставија во контејнер и отидов да се породам“, вели таа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.12.2020 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега