По повод празникот Успение на Пресвета Богородица, кој се одбележува на 28 август, за манастирската слава во Матка ќе биде организиран дополнителен превоз за верниците и посетителите.

Покрај редовната автобуска линија 60, до Полициската станица „Матка“ ќе сообраќа и дополнителен автобус, по потреба. Од таму, посетителите ќе имаат обезбеден превоз со минибус до најблиската достапна точка до манастирот.

Од сестринството на Манастир Успение на Пресвета Богородица – Матка ги повикуваат верниците да ја споделат празничната радост и да присуствуваат на литургијата и соборната молитва.

„Со љубов ве очекуваме да ја споделиме празничната радост, литургиски со соборна молитва и мир. Нека благословот на Пресвета Богородица биде со сите нас. На многаја лета!“, порачуваат монахињите.

Exit mobile version