ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К. (52) од Гевгелија, поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“.
Според пријавата, во периодот од 7 ноември 2025 до 3 март 2026 година, пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во рамки на службата.
Како што е наведено, тој без налог или одобрение од корисниците пристапувал до нивните денарски платежни сметки и на тој начин противправно пренасочувал средства, при што ѝ предизвикал материјална штета на банката.


