Полицијата во Хонг Конг денес објави дека 15 лица се приведени под сомнение за убиство од небрежност во голем пожар во станбен комплекс и додаде дека се очекуваат дополнителни апсења.

Меѓу приведените се 14 мажи и една жена, на возраст меѓу 40 и 77 години, сите поврзани со компанија за одржување и инженерство што работела во станбениот комплекс „Ванг Фук Корт“ во Таи По, соопшти полицијата, објави Ксинхуа.

До 16:00 часот по локално време, пожарот одзел 156 животи, а околу 30 лица сè уште се водат како исчезнати, објавија властите.

Exit mobile version