Долби театарот во Лос Анџелес синоќа беше центарот на филмскиот универзум. 98-то издание на наградите на Академијата донесе спој на блокбастерски спектакли и длабоки уметнички драми, но вечерта несомнено му припадна на еден наслов.
Филмот „Една битка по друга“ е апсолутниот победник на вечерта. Тимот зад филмот се закити со дури шест златни статуетки, меѓу кои и најпрестижната, за најдобар филм. Покрај главната награда, филмот беше крунисан и за најдобра режија, сценарио, монтажа, кастинг и најдобра споредна машка улога.
Оскарот оди кај „Една битка по друга“,соопшти актерката Никол Кидман.
„Навистина потфрлив кога ја добив наградата за најдобра режија, а заборавив да им се заблагодарам на моите актери. Лео (Леонардо Дикаприо), Бенисио (дел Торо), Тејана (Тејлор), Шон (Пен), Реџина (Хол) и посебно Чејс (Инфинити) – мојата ‘American girl’, Чејс, ти си срцето на овој филм, на целиот овој тим. Каква ноќ. Луѓе, ајде да се почестиме со по едно мартини. Ова е навистина неверојатно, нели? Живели. Ви благодарам многу. Ви благодарам. Ви благодарам. Ви благодарам.“, изјави Пол Томас Андерстон, режисер.
Филмот „Една битка по друга“ водеше мртва трка со вампирската сага „Синерс“ (анг.Sinners). Овој филм доби четири признанија. Рајан Куглер славеше за најдобро оригинално сценарио, додека Мајкл Б. Џордан ја потврди својата доминација на платното освојувајќи го Оскарот за најдобар актер. Филмот доби признанија и за музиката и најдобра камера.
Џеси Бакли го доби Оскарот за најдобра актерка за моќната интерпретација во „Hamnet“, додека ветеранката Еми Мадиган беше наградена за најдобра споредна женска улога во филмот „Weapons“.
„Франкенштајн“ се закити со награди за производствен дизајн, шминка, фризури и костимографија.
Беше доделена наградата и за најдобри визуелни ефект. Mr. Nobody Against Putin“ се закити со награда за најдобар документарец. А насловот „Сентиментална вредност“ доби признание за најдобар меѓународен филм.
По завршувањето на церемонијата во Долби театарот, вистинската модна ревија се пресели на забавата на ’Vanity Fair‘. Таму доминираше висок стил и беспрекорен дизајн, а меѓу гостите не се само актерите, туку и светски познати музичари, врвни модели и влијателни имиња од светот на шоу-бизнисот кои го комплетираат овој холивудски спектакл.


