За една ноќ во Скопје 13 уапсени поради поседување дрога

Ноќеска во 23.40 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода И.Р.(34) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По полноќ, во 00.10 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода П.И.(26) од Р.Србија, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Исто така во Центар, рано утрово во 02.00 часот полициски службеници го лишиле од слобода Д.Г.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

Утрово во 01.40 часот од угостителски објект во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода В.Ф.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Во 00.15 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Во 01.50 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.Е.(25), С.О.(18) и Н.М.(19), сите од кумановско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, прашкаста материја, марихуана и дробилка.

Во 02.45 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. Во 01.45 часот во с.Волково, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Н.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Ноќеска во 23.00 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Е.Ш.(29), Л.А.(31) и Ф.А.(33), сите од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на сите овие случаи ќе следи соодветен поднесок, информираат од МВР.

03.06.2023 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега