За Денот на вљубените, филипинска општина награди самци
По повод Денот на вљубените, самци вработени во градска општина на Филипините добија парична награда, бидејќи локалните власти сакаат да ги наградат за прекувремената работа и да ги потсетат дека „некој ги сака“.
Луѓето кои се сами повеќе од пет години и работат во општината на мал град во провинцијата Кезон на југоисточниот дел на Филипините, добија парична награда во вредност од три дневни плати, изјави градоначалникот Мет Флоридо.
„Знам низ што минуваат денеска, ги разбирам“, додаде Флоридо, кој вели дека е „самец од раѓање“.
Градоначалникот рече дека на Денот на вљубените никој нема да им подарува и додаде дека затоа смислил таков подарок, за да знаат самците дека некој ги сака.
Веќе трета година Флорида им дава бонус на самците кои работат во малиот град во кој се одгледуваат ананаси. Тие пари се и потврда за ограничувањата што им се наметнуваат на самците, бидејќи тие често работат и прекувремено.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа