И авионот во кој патувал Бујар Османи во 2023 останал без ГПС сигнал над Бугарија
Инцидентот со авионот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, кој неодамна беше принуден да слета во Пловдив откако изгуби сигнал за навигација, не е единствен случај од ваков вид.
Албанскиот портал „Јавањуз“ потсетува дека во февруари 2023 година, сличен проблем имал и службениот авион со кој патувал тогашниот министер за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи.
Леталото, додека минувало низ бугарскиот воздушен простор, целосно останало без ГПС-сигнал. Поради тоа, пилотите морале да преминат на рачни навигациски уреди и печатени мапи, следејќи пропишани процедури за вакви итни ситуации.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа