За 3 години жена успеала да заштеди пари за нов стан – нејзиниот едноставен трик стана вирален на интернет

Шери Хауви ги воодушевила сите со својот начин на штедење пари, а на истиот може да штедат сите оние кои што имаат доволно пари месечно да ги „покријат“ сите свои трошоци.

Шери Хауви, жена од Нов Зеланд, станала вирален хит на интернет откако го споделила својот едноставен трик со чија помош успеала за три години да заштеди пари за стан, а овој „рецепт“ го открила во една група на Фејсбук каде што многумина биле воодушевени.

Таа во 2015 година купила нов стан откако за него штедела пари само три години.

„Мајка ми ме научи вака да го организирам трошењето пари и по три години можев да си купам стан“, напишала Шери.

Па, во што е нејзината тајна?

Шери тврди дека потребно е парите кои што ги заработувате месечно да ги поделите и ставите на три различни сметки. Првата сметка е за вообичаените трошоци, како сметки, храна, кирија, превоз, неделен џепарлак и слично. На втора сметка треба да ги ставите парите кои што планирате да ги трошите за фризер, купување облека и обувки, подароци, одење на доктор, додека пак на третата сметка треба да ги издвоите парите кои што сакате да ги заштедите. Таа вели дека многу е важно да се придржувате до поделените пари и да не трошите повеќе од планираното.

„Немојте да бидете во искушение и од втората сметка да трошите пари за намирници и обратно, важно е да се придржувате до тоа што сами сте го одредиле“, советува Шери која што ги воодушевила луѓето со овој начин на штедење пари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.03.2021 - 17:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега