За 24 часа 10 пациенти починаа од Ковид 19 во Македонија - најмногу од нив се од Скопје

Министерството за здравство денеска информираше дека во последните 24 часа регистрирани се нови 302 случа на Ковид 19 во Македонија. Според податоците на ИЈЗ, денеска се регистрирани 44 оздравени пациенти.

За жал, 10 пациенти ја изгубитја битката со болеста и починаа.

Од починатите пет пациенти се од Скопје (83,75,82,70 и 47г), по еден од Струмица (67г), Струга (55г), Прилеп (61г), Охрид (85г) и Гостивар (51г). Девет  пациенти се починати во болнички услови, еден пациент е починат во Дом за стари лица во Скопје.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 92193, бројката на оздравени пациенти е 80837, на починати е 2841, а бројот на активни случаи изнесува 8515.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.01.2021 - 17:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега