Вучиќ за налогот на апсењето на Путин: Ние имаме попаметна работа, има стручњаци нека се пријават и помогнат

 

 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, одговараше пред новинарите за тоа дали ќе го уапси рускиот претседател Владимир Путин, постапувајќи по налогот на Меѓународниот кривичен суд, со кој неговата држава има соработка и чие законодавство го прифаќа. Вучиќ смета дека одлуката за апсење на Путин ќе има лоши последици, ќе нанесе штета на луѓето и која потврдува дека има голема неспремност да се разговара за мир и примирје меѓу Русија и Украина.

„Во однос на апсењето, немојте да се лутите, ама тоа е безврска прашање, бидејќи вас ви е јасно дека додека трае војната, Путин нема како да дојде до Србија, а камо ли нешто друго. Што се однесува до апсењето, јас не сум апсел ниту лица под обвинение, а кои ги барал ад-хок трибунал, тоа не е Меѓународниот кривичен суд со кого имаме соработка. Има стручњаци, можат доброволно да се пријават, овие што Србите ги ставаа во вреќи и ги праќаа во САД. Можат да се пријават и да помогнат – не знам на кого. Јас и Србија имаме попаметна работа во овој момент“, рече Вучиќ.

Тој рече дека треба да има примирје, а не да се чека победа, по што ги праша новинарите: „Стварно мислите дека Русија ќе ја поразите за 3 или 6 месеци? Верувате во тоа?“.

„Несомнено дека целта на тие кои го направиле тоа е да му ја отежнат комуникацијата на претседателот на Русија, а секој кој разговара со него да има во глава дека зборува со лице обвинето за најтешки воени злосторства, додатно да ја отежни економската позиција на Русија од истите причини… И тоа би биле политички причини кои ги разбирам, но зачувувањето на животи се поважни“, рече Вучиќ.

19.03.2023 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега