Вучиќ: Во четврток ќе прикажеме нешто морничаво, луѓето да ги тргнат децата

 

За неколку дена на граѓаните на Србија ќе им покажеме нешто што е навистина морничаро. Чекаме дополнителни вештачења за некој утре тоа да не може да го користи во доказна постапка - рекол претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Тој на телевизијата „Прва“ зборувал за истрагата против криминалната група која ја водел Вељко Беливук наречен Велја Неволја.

-Кога ќе ги прикажеме тие работи мораме однапред да им кажеме на луѓето да ги тргнат децата - истакнал Вучиќ.

Истакнач дека ќе видиме „кој кого штител, а кој засолнувал убијци“.

-За неколку дена, најдоцна четврток, ќе им покажеме на граѓаните се. Јавноста досега видела само оружје, организирана група, пиштоли, снајпери, панцири, крушуми, дрога...Тоа не е ништо - рекол Вучиќ и нагласил дека со новите информации ќе се шокира Европа и цел свет.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2021 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега