Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Завршни зборови за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане: Обвинителството бара доживотен затвор
    • Уапсен арачиновец кој го блокираше патот за да избега од полицијата
    • Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Втора сесија на комитетот ЕУ-Северна Македонија: Фокус на реформите и проширувањето

    Втора сесија на комитетот ЕУ-Северна Македонија: Фокус на реформите и проширувањето

    25.09.2026 во 08:122 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Собранието денеска ќе се одржи втората работна сесија на 25. Мешовит парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија.

    Состанокот на Комитетот беше отворен вчера, со ко-претседавање на пратеничката Иванка Василевска и европратеникот Карло Реслер.

    Василевска изрази благодарност до европратениците за, како што рече, континуираната и недвосмислена поддршка на процесот на проширување на Европската Унија. Таа посочи дека Европскиот парламент позитивно ги оценува реформските чекори, стабилноста на меѓуетничките односи и високото ниво на усогласеност на земјата со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

    Според Василевска, Северна Македонија како земја-кандидат има обврска доследно да ги спроведува потребните реформи и да ги усогласува политиките со европските стандарди и вредности, особено во областите на енергетиката, транспортот, трговијата, одбраната и безбедноста.

    Таа истакна дека кредибилитетот на пристапниот процес се темели на заемна доверба и исполнување на обврските од двете страни, додавајќи дека напредокот на земјите кандидати треба соодветно да биде препознаен и вреднуван. Според неа, проширувањето треба да остане предвидлив и конзистентен процес заснован на заслуги.

    Европратеникот Карло Реслер порача дека Северна Македонија несомнено припаѓа во европското семејство, но истовремено посочи дека процесот на евроинтеграции за земјата е долг и фрустрирачки. Тој нагласи дека Европскиот парламент сака да биде „рамо до рамо“ со граѓаните и Собранието на патот кон ЕУ.

    На вчерашната седница пратениците го усвоија и записникот од 24. состанок на Мешовитиот комитет, одржан на 26 и 27 ноември 2025 година во Стразбур.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Завршни зборови за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане: Обвинителството бара доживотен затвор

    06.10.2026 во 15:51

    Уапсен арачиновец кој го блокираше патот за да избега од полицијата

    06.10.2026 во 15:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.