Close Menu
Press24
    Најново

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50

    Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења

    02.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово
    • Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си
    • Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења
    • Берово: Четиригодишно девојче итно пренесено во болница откако проголтало капсула за перење
    • Драма во Охрид: По расправија за паркинг, 73-годишник вперил пиштол кон скопјанец
    • Тошковски на Илинден од Пелинце: Да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите што ни ги оставија илинденците и асномците
    • Змија влегла во куќа во струмичко – интервенирале пожарникарите
    • Гори кај Кванташки пазар – ЦУК со најнови детали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Втор ден од изборната кампања: ВМРО-ДПМНЕ со митинзи во Вевчани, Струга и Ресен, СДСМ во Лозово, Карбинци, Пробиштип и Штип

    Втор ден од изборната кампања: ВМРО-ДПМНЕ со митинзи во Вевчани, Струга и Ресен, СДСМ во Лозово, Карбинци, Пробиштип и Штип

    30.09.2025 во 09:123 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Партиите и независните кандидати денеска на вториот ден од кампањата за Локалните избори 2025 продолжуваат со официјалните претставувања пред гласачите. Изборната кампања, која почна вчера, ќе трае до 17 октомври на полноќ по што следува 24-часовен молк пред гласањето на 19 октомври (втор круг 2 ноември). 

    ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Вевчани (17:00), во Струга (18:30) и во Ресен (20:30). ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата изборната кампања за Локалните избори 2025 вчера ја започнаа во Скопје со митинг на кој го промовираа кандидатот за градоначалник на главниот град, Орце Ѓорѓиевски. 

    СДСМ и коалицијата караван на митинзи ќе одржат во Лозово (17:30), во Карбинци (17:30), во Пробиштип (18:30) и во Штип (20:00). СДСМ и коалицијата вчера на централниот настан во Крушево го промовираа кандидатот за градоначалник Томе Христоски.

    Коалицијата ВРЕДИ со почеток во 19 часот во Спортска сала „Борис Трајковски” ќе ја одржи Промотивната конвенција, на која ќе бидат претставени кандидатите за градоначалници.

    Кандидатот на Националната алијанса за интеграција за Град Скопје, Скендер Реџепи-Зејд, заедно со кандидатите за советници ќе ја претстави изборната програма за градот Скопје. Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од Коалицијата НАИ, Бујар Османи вчера ја претстави неговата програма за претстојните локални избори.

    Кандидатот за градоначалник на Куманово и претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски вчера оствари повеќе средби и активности со граѓани.

    Како што е предвидено во Изборниот законик (член 69а) за изборна кампања се смета јавно собирање и други јавни настани организирани од страна на учесникот во изборната кампања, јавно истакнување на плакати, видео презентации на јавни места, изборно медиумско и интернет претставување, дистрибуирање на печатени материјали и јавно претставување на потврдените кандидати од надлежните изборни органи и нивните програми.

    Првиот круг од локалните избори ќе се одржи на 19 октомври, а вториот на 2 ноември.

    Локалните избори 2025 се осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. Ќе се гласа на 3480 избирачки места за 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети или за вкупно 10 490 кандидати.

    На изборите учествуваат 22 партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи односно независни кандидатури. 

    Најмногу кандидати за градоначалници има за Градот Скопје – 16. 

    Според Изборниот законик, локалните избори се одржуваат на секои четири години во втората половина на октомври. Локалната самоуправа е организирана во 80 општини и Градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа. Во состав на Градот Скопје функционираат 10 општини, кои имаат поделени надлежности со Градот. Изборите ги распишува претседателот на Собранието со донесување акт што се објавува во Службен весник. Изборите се одржуваат најрано 70, а најдоцна 90 дена од денот на распишување на изборите. 

    Локални избори во Македонија се одржале во 1996, 2000, 2005, 2009, 2013, 2017 и 2021 година.

    Прочитај повеќе

    Андоновски од Смилево: Илинден е вредносен систем – непокор, слобода и иднина

    02.08.2026 во 11:25

    Делегација на СДСМ оддаде почит во Пелинце по повод Денот на Републиката

    02.08.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.