Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Врховниот суд ги укина пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење

    Врховниот суд ги укина пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење

    10.09.2026 во 21:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Врховниот суд ги укина правосилните пресуди против поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, за кои му беше изречена затворска казна и предметот го врати на повторно судење во Основниот кривичен суд Скопје. Како што соопшти Врховниот суд, на седница одржана на 9 септември годинава, Советот за казниви дела донел пресуда со која е уважено барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда поднесено од Јакимовски преку неговиот бранител Виктор Цветковски, адвокат од Куманово.

    Со одлуката се укинува пресудата на Основниот кривичен суд Скопје од 23 април 2025 година, како и пресудата на Апелациониот суд Скопје од 15 мај 2026 година и предметот е вратен на првостепениот суд на повторно постапување и одлучување.

    – Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, на седницата одржана на ден 09.09.2026 година, донесе пресуда КВП КОК2-18/26, со која го уважи барањето на осудениот Стевчо Јакимовски од Скопје, за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, поднесено преку бранителот Виктор Цветковски, адвокат од Куманово, ги укина пресудата на Основен кривичен суд Скопје КОК-157/21 од 23.04.2025 година и пресудата на Апелационен суд Скопје КОКЖ-110/25 од 15.05.2026 година и предметот го врати на првостепениот суд на повторно постапување и одлучување – стои во соопштението од Врховен.

    Поранешниот градоначалник на Карпош, Јакимовски беше осуден на една година затвор за бесправно градење во предметот поврзан со изградбата на општинската зграда во Карпош, откако Апелацискиот суд ја потврди пресудата во овој дел, додека обвинението за злоупотреба на службената положба го врати на повторно судење.

    Прочитај повеќе

    УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт

    06.10.2026 во 23:52

    39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово

    06.10.2026 во 23:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.