Врховниот суд го одби барањето за вонредно преиспитување на пресудата на Васил Јованов, кој ја прегази младата Фросина Кулакова на пешачки кај Силбо, во скопски Карпош.
-Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека, постапувајќи по кривичниот предмет КВП2-22/26, по одржана седница на советот на 11.03.2026 година, донесе пресуда со која се одбива како неосновано барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда поднесено од осудениот В.Ј. од С., преку неговиот бранител, против пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К-780/25 од 13.05.2025 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КЖ-696/25 од 27.10.2025 година, со која е огласен виновен за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 в.в. член 297 став 1 од Кривичниот законик и осуден на казна затвор во траење од 13 –тринаесет години, информираат од Врховниот суд.
Јованов првично беше осуден на 12-годишна затворска казна од Кривичниот суд, на Апелација му ја зголеми казната за една година.

