Времето утрово ведро и студено, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со мала локална облачност, информира УХМР.

Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1°C, а максималната ќе достигне до 17°C.

Денеска и за време на викендот се очекува стабилно, суво и тивко време. Сепак, во утринските часови ќе има појава на локална магла во одредени котлини.

Облачноста постепено ќе се зголеми во понеделник, а од вторник се очекуваат локални врнежи од дожд. Ќе почне да дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец.

Exit mobile version